Дамијано позираше со бисерен ѓердан и обетки, за еден час паднаа половина милион лајкови (ФОТО)

17 јуни, 2021
c97af3e6-bc15-4968-9afd-5e0bcc7f803c

Дамијано Давид, победникот на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија, има сѐ повеќе обожаватели низ целиот Свет. Младиот Италијанец на Instagram го следат 3,6 милиони луѓе, а поголемиот дел од тимот го сочинуваат девојки.

Денес ги воодушеви сите со нови фотографии на кои носи големи обетки и бисерен ѓердан и силна шминка околу очите.

Тој не напиша ништо со сликата, но реакциите не изостанаа. За помалку од еден час, тој собра повеќе од 600.000 лајкови и бројни комплименти и понуди од девојки. Внимание привлече коментарот на басистот на неговиот бенд Викторија Де Ангелис.

„Секси кучка“, му напиша таа.