Дарко Спејко ги остави реалните шоуа зад себе, стана директор, а сега има уште една голема и важна титула во животот (ФОТО)

19 март, 2021
darko spejko

Кумановецот Дарко Петковски –Спејко кој се прослави преку регионалните реални шоу програми, а и преку неговата врска со инфлуенсерката Љупка Митрова, веќе извесен период има нов многу посмирен начин за живот за разлика од порано.

Тој беше редовен учесник во регионалните ријалити шоу програми, па дури освои и победа во „Големиот брат“, што му донесе ултра популарност на социјалните мрежи каде постојано беше активен, но сега се чини како сето тоа да го остави зад себе и сврти нова стреница.

Тој веќе некое време е стациниран во родното Куманово каде извесен период работи како спортски директор на КК Куманово, но своите животни и професионални издигнувања не ги остави само на тоа.

Имено, пред неколку дена тој се пофали дека дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и дека сега е на ново повисоко ниво од своето образование. Спејко како спомен за тој голем ден се фотографираше и фотографијата ја сподели јавно со своите фанови.

-„Честитки“, „Само напред“,„Добро сторено, многу успех“, се радеа позитивните коментарите.

Ако претходно можевме да видиме се повеќе провокативни фотографии од Спејко, сега како профилите на социјалните мрежи да ги поседува друга личност.

Сериозен, во елегантно издание со костум и став на еден сериозен господин кој се сигурно гради едно ново поглавје од животот.

Преземено од skopje24.mk