Децата на Анџелина и Бред пораснаа: Еве како изгледаат и што прават нивните наследници (ФОТО)

4 јануари, 2021
shutterstock445176940-830x0

Најпознатиот поранешен пар има три посвоени и три биолошки деца

Актерите Бред Пит (57) и Анџелина Џоли (45) важеа за еден од најубавите и најхармонични парови, но тие се разведоа по 11 години врска и две години брак, а заедно имаат шест деца.

Имено, двајцата имаат три посвоени и три биолошки деца кои од раѓањето се под будното око на јавноста, а сега се пораснати.

Папараците ги следеа каде и да се појават, а сите медиуми едвај чекаа да ги слушнат сите детали за децата на најпознатиот пар. Децата од семејството Џоли-Пит пораснаа брзо, а еве каде се денес и што прават.

Најстариот син Медокс Џоли Пит има 19 години и неодамна се пресели во Јужна Кореја за да студира, но поради целата ситуација со пандемијата на корона вирусот во Светот, се врати во Лос Анџелес и живее со својата мајка и другите браќа и сестри.

Тој во моментов студира преку Интернет до ново известување, а познато е дека нема добар однос со неговиот татко и дека Бред и Анџелина наводно раскинале по физичката пресметка помеѓу Медокс и Бред.

Пакс Џоли Смит (17) е најповлечен од сите деца и ретко се појавува во јавноста. Тој се школува од дома и се појавува на јавни настани само кога премиерно се прикажува новиот филм на неговата мајка Анџелина.

Девојчето Захара Џоли Пит има 15 години, а Анџелина ја посвои кога имала само шест месеци.

– Научив толку многу од неа. Таа е моето семејство, но и вистинска Африканка – рекла Анџелина во неодамнешно интервју.

Девојчето Шило Џоли Пит е првото заедничко биолошко дете на некогашната најпопуларна љубовна двојка и има 14 години, а денес вели дека всушност е момче и дека сите треба да ѝ се обраќаат како Џон. Најдобро се согласува со својата сестра Захара бидејќи тие имаат приближно исто години.

Вивиен Џоли Пит е мамина маза и често е фотографирана како пазари со Анџелина од која не се одделува. Двете нон-стоп се бакнуваат и се гушкаат во јавноста, а 12-годишното девојче веќе се обиде како актерка. Таа има близнак Нокс Џоли Пит, кој најмногу личи на својот татко и со кој е многу блиска.

Бред Пит често ги посетува децата во вилата на Анџелина, а се чини дека во последно време односите во семејството се подобриле.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi