Деми Ловато не може ниту да вози автомобил: Откриени страшните последици поради предозирањето

19 февруари, 2021
demi-lovato-2-830x0

– Јас не возам автомобил, бидејќи имам слепи точки на видот, а исто така читав многу тешко долго време – рече Деми Ловато

Американската пејачка и поранешна Ѕвезда на Дизни, Деми Ловато (28) неодамна откри дека има „оштетување на мозокот“ откако претрпе три мозочни удари и срцев удар во 2018 година по предозирање и дека сè уште трпи последици поради тоа.

Имено, 28-годишната Ловато проговори за своето предозирање во најавата за нејзината нова документарна серија на YouTube наречена „Dancing With The Devil“.

Серијата ќе биде премиерно прикажана на 23 март оваа година, а поп-sвездата ги откри катастрофалните последици по предозирањето (за кое се верува дека е од хероин) и тврди дека тогаш за малку ќе умрела.

– Предозирањето ми предизвика „оштетување на мозокот“. И денес се занимавам со последиците од тоа – додаде Деми.

– Јас не возам автомобил, бидејќи имам слепи точки на видот, и долго време навистина ми беше тешко да читам. Беше голема работа кога успеав да прочитам книга, што беше скоро два месеци подоцна, бидејќи видот ми беше многу заматен – изјави Деми во документарната серија.

– Се соочив со многу последици и се чувствувам како да се сè уште тука за да ме потсетат што може да се случи ако некогаш повторно дојдам на темно место. Благодарна сум за тие потсетници и благодарна сум што не морав да бидам на рехабилитација долго време. Закрепнувањето траеше подолго од емотивната страна – вели Деми.

Таа призна дека извлекла некои позитивни работи од тоа „болно патување“.

– Сето ова мораше да се случи за да научам бројни лекции – заклучи таа.