Деми Ловато со шокантна изјава: „Сега сум небинарна личност“

20 мај, 2021
profimedia-0345712312

Тоа се луѓе чиј родов идентитет не се вклопува во бинарниот концепт во кој полот е ограничен на само две категории – мажи и жени.

Американската пејачка Деми Ловато е една од најпопуларните пејачки во Светот, а покрај новите песни, таа често ги изненадува обожавателите со проблематично однесување, необични изјави и бурни врски. Но, за што се работи овој пат? Имено, sвездата на Дизни во средата откри дека веќе долго време се соочува со себе и дека отсега е небинарна личност на која ќе ѝ се обраќаат како „тие“.

Тоа се луѓе чиј родов идентитет не се вклопува во бинарната идеја во која полот е ограничен на само две категории – мажи и жени. И додека некои следбеници ја поддржуваа оваа одлука, други коментираа дека таа повторно зборува глупости само за да заврши во центарот на вниманието.

„Секој ден кога ќе се разбудиме, имаме друг пролог да бидеме она што сакаме да бидеме. Поголемиот дел од мојот живот го поминав растејќи пред сите вас … Ги видовте добрите, лошите и делата „нешто помеѓу“. Не само што мојот живот беше патување, туку живеев и за оние од другата страна на фотоапаратот. Денес е ден што ме прави многу среќен и сакам да споделам повеќе од мојот живот со сите вас – горда сум што ве информирам дека се идентификувам како небинарна и официјално ќе ги сменам заменките во „тие“, напиша Деми и додаде:

„Ова следеше по многу заздравувачка и саморефлектирачка работа. Јас сè уште учам и инвестирам во себе и не тврдам дека сум експерт или портпарол. Споделувањето на ова со вас сега отвора ново ниво на ранливост за нас. Ова го правам за оние кои не можат да споделат кои се навистина со своите најблиски. Ве молам, продолжете да живеете во своите вистини и знајте дека ви испраќам љубов“, напиша на крајот пејачката.