ДЕНЕС ГО СЛАВИ СВОЈОТ 72 -РИ РОДЕНДЕН Ричард Гир се женеше дури три пати, а ја прифати оваа филозофија на живот во 70 -тите

31 август, 2021
Screenshot 2021-08-31 175902

Тој се уште е вистински заводник

Холивудскиот актер Ричард Гир денеска го слави својот 72 -ри роденден, а неговата успешна кариера трае со децении.

Тој стана познат со реализацијата на „Офицер и господин“ во 1982 година, и од тој момент, неговата кариера се движи само во нагорна траекторија. Следуваа романтичните комедии, по кои денес е најпознат, како „Убава жена“ и „Бегалка“, во друштво на Џулија Робертс.

Се женеше трипати, го помина периодот од 1991 до 1995 година со манекенката Синди Крафорд, во 2002 година се ожени со актерката Кери Ловел и конечно „се смири“ со шпанската активистка Алехандра Силва во 2018 година.

Покрај драматичниот љубовен живот, Гир го привлече вниманието на медиумите со својата одлука да стане будист. Имено, иако бил израснат во христијанско семејство, актерот наишол на текстови во раната младост што го заинтересирале за споменатото учење.

Познат по својата хуманитарна работа, тој ја прифати будистичката религија во средината на 1970-тите и отпатува за Тибет во 1978 година, каде што ги посети бегалските кампови. Подоцна стана студент на прогонетиот Далај Лама. Гир даде значајна политичка поддршка во борбата за независност на Тибет, а исто така беше вклучен во многу добротворни акции, кои беа поврзани со културни прашања, како и на помош на луѓето со СИДА.

Денес, тој ја користи скоро секоја ситуација за да ја нагласи својата посветеност кон будистичките учења и фактот дека оваа филозофија му помогнала да ги надмине повеќето животни предизвици.