Деп ја обвини Амбер дека ги задржала 7те милиони долари од разводот, што според договорот требаше да ги донира

8 јануари, 2021
untitled-1-830x0

Војната меѓу поранешните сопружници продолжува, а сега Деп е на „потег“

Актерот Џони Деп (57) наводно ја обвинил неговата поранешна сопруга Амбер Херд (34) за чување на поголемиот дел од парите од 7 милиони долари што ги добила во спогодбата за развод, наместо да ги дава во добротворни цели како што ветила.

Амбер се разведе од актерот во 2016 година, од кого доби огромна сума пари, и вети дека ќе ги донира подеднакво на Детската болница во Лос Анџелес и Американската унија за граѓански слободи.

Сепак, адвокатите на Деп, наводно, контактирале со двете организации во текот на изминатата година за да дознаат дали Амбер ги донирала парите. Детската болница не откри колку пари добила од Амбер, а „Daily Mail“ пишува дека добиле само 100.000 долари.

Шефовите на болниците наводно ѝ пишале на Амбер во јуни 2019 година и ја прашале дали ќе го исполни договорот. Правниот тим на Деп е убеден дека немало други плаќања.

– Како што е опишано во налогот за приближување и за развод, парите не играа никаква улога за мене лично и никогаш ни немаа, освен до степен до кој можев да ги донирам во добротворни цели и се надевам дека со тоа ќе им помогнам на оние помалку способни, да се бранат – рече Амбер во 2016 година по разводот.

Инаку, Џони неодамна изгуби судски спор против таблоидот „The Sun“ и неговите издавачи. Актерот ги тужел затоа што во написот го карактеризираат како насилник кој ја малтретирал Амбер. Деп ги негираше тие приказни, но го загуби судскиот спор по приложените докази.

escort - Korsan taksi