ДЕТАЛ КОЈ ГИ ЗАИНТЕРЕСИРА СИТЕ НЕЈЗИНИ ФАНОВИ: Бритни Спирс го откри значењето на една од своите тетоважи – ова никој не го знаеше!

13 јуни, 2021
298653_britni-spirs_ff

Бритни Спирс објави нов пост до своите обожаватели за значењето на тетоважата што ја има на вратот.

„Тоа е на хебрејски јазик, тој е јазикот на кој се пишува наназад“ – напишала покрај фотографијата на која позира со грбот кон фотоапаратот и ја крева косата со рацете.

„Вели Мем Хеј Шин, што значи заздравување. Тоа е мојата омилена тетоважа, но иронично, никогаш не ја гледате“ – додаде таа, објаснувајќи дека нејзината тетоважа ретко се гледа бидејќи е претежно покриена со нејзината долга коса.

За помалку од половина ден, Бритни собра над 264 000 лајкови за помалку од половина ден, а некои коментираа дека треба да нанесе некој заштитен фактор на своето тело пред да се сонча, бидејќи кожата на сликата е црвена како рак.

escort - Korsan taksi