ДИЈАГНОЗАТА БИЛА ШОК, НО НЕ И ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Вентворт Милер од серијата Prison Break дозна дека има аутизам во 49-тата година од животот!

29 јули, 2021
2661547_profimedia0327096545_ls

Ѕвездата од серијата „Prison Break“, Вентворт Милер, пред една година објави дека му е дијагностициран аутизам, а сега на јавноста и се обрати на Инстаграм:

„Ова не е нешто што би го променил. Фактот дека имам аутизам е централен дел од мојот идентитет, дел од се што сум постигнал. Оваа есен се одбележува една година откако ми беше дијагностициран аутизам. Прво, си ја поставив самиот, а потоа официјално ја добив од професионалци. Тоа беше долг процес полн со недостатоци и маани, што е неопходно да се поправат според мое мислење. Јас сум возрасен човек, а не петгодишно дете“, напиша актерот и продолжи:

Ventvort Miler

„Мојата дијагноза беше шок, но не и изненадување. Гледам во пет децении од мојот живот со нови очи. Не сакам да ризикувам одеднаш да бидам истакнат, недоволно информиран глас во јавноста. Заедницата собрана околу аутизмот беше замолчена низ историјата. Други зборуваа за нив, или „преку“ нив. Не сакам да нанесувам дополнително зло, само сакам да кренам рака и да кажам – и јас сум тука. И бев веќе многу години, едноставно не го знаев тоа“ – заклучи актерот.

Да потсетиме, во 2013 година, Милер го шокираше светот кога откри дека е хомосексуалец.

3
escort - Korsan taksi