Додека Ким позира во бикини пред огледало, на сите им е јасно зошто Канје не може да го „преболи разводот“ (ФОТО)

21 март, 2021
tan2021-2-19215121632-830x0

Кардашијан е вистинска бомба во бикини

Ријалити sвездата Ким Кардашијан среде гласини дека и пред официјалниот развод со раперот Канје Вест се допишува со раперот Дрејк, и дека се крајно блиски, ги сруши социјалните мрежи со фотографии во костим за капење

Имено, Кардашијан проба неколку бикини во бањата пред огромното огледало, кои инаку се бренд на нејзината сестра Клои Кардашијан, а покрај познатата сестра, на Клои не и треба подобро рекламирање.

„Ким, ти си бомба“, „На Клои не ѝ треба друга реклама покрај Ким“, „Имаш такво тело што сè ти одговара совршено“, „Гориш, колку добро изгледаш“,„ Изгледаш совршено “, се дел од коментарите на провокативните кадри на познатата старлета.

Да потсетиме, Каније го смени бројот и ги прекина сите контакти со Ким откако таа поднесе барање за развод, а Кардашијан може да го контактира само преку обезбедувањето. Поранешната двојка се согласи да има заедничко старателство над нивните четири деца – Норт (7), Сент (5), Чикаго (3) и Псалм (1). Сепак, раперот, според извори на странски медиуми, ги отежнува работите.

Патем, се шпекулира дека Дрејк започнал да ѝ праќа пораки на Ким штом слушнал дека таа и Канје се разведуваат, како и дека раперот се надева дека Кардашијан ќе му даде шанса кога разводот ќе е официјален.