Додека размислува за преселба во Лос Анџелес: Џенифер Лопез потпиша профитабилен договор вреден неколку милиони долари

9 јуни, 2021
1461036

Се повеќе се шушка дека поради обновената врска со Бен Афлек, латино дивата се повеќе размислува да ја замени својата адреса во Мајами со онаа во Лос Анџелес. И, додека тој целосно не одлучи да се пресели, Џенифер Лопез не застанува со деловни активности.

Се чини дека сè конечно се смири во животот на латино дивата Џенифер Лопез. Покрај тоа што најде среќа во прегратките на старата љубов и поранешниот свршеник Бен Афлек, Џеј Ло е на врвот на својата кариера, како актерка, така и како пејачка, а сега направи уште еден потег за дополнително да го потврди сето тоа.

Имено, преку нејзината продукциска куќа Nuyorican Productions, Џенифер Лопез потпиша повеќегодишен договор вреден неколку милиони долари со Нетфликс. Заедно со нејзиниот партнер во продукцијата Бени Медина и директорката на Нујорикан Продукција, Елејн Голдсмит-Томас, Џенифер се согласи да произведува и филмски и телевизиски содржини, со цел да промовира различни женски актерки, писатели и режисери.

А, дека сето тоа го сфатила многу сериозно, потврдуваат најавите за два проекти на Нетфликс во кои ќе игра латино дивата – акциониот филм „The Mother“, во режија на Ники Каро, и вториот трилер „The Cipher“.

Jennifer Lopez i Ben Affleck
Jennifer Lopez i Ben Affleck

По повод свежо потпишаниот договор, и Џенифер Лопез објави официјално соопштение: „Возбудена сум што објавувам ново партнерство со Нетфликс. Елејн, Бени и јас веруваме дека нема подобра куќа за нас од оваа компанија.“

И додека не пристигнат нејзините нови проекти, Џенифер Лопез интензивно размислува за уште една работа – да се пресели во Лос Анџелес од Мајами, за да може да биде што поблиску до нејзината старо-нова љубов Бен Афлек, кој живее таму за да биде поблиску до децата од бракот со актерката Џенифер Гарнер.