ДВЕЈН ЏОНСОН ИМА ДВОЈНИК! Актерот шокиран откако ја видел ОВАА фотографија: Тој е ПОГОЛЕМА ФАЦА од мене! (ФОТО)

2 септември, 2021
2536177_profimedia0598284767_ls

Американскиот актер Двејн Џонсон, познат како „The Rock“, се огласи на социјалните мрежи откако фотографија од неговиот двојник почна да кружи на Интернет.

Имено, Ерик Филдс, полицаец од Алабама, неодамна привлече големо внимание поради неговата неверојатна сличност со популарниот актер, а подоцна откри дека го викале „дете на Двејн Џонсон и Вин Дизел“.

Dvejn Džonson

– Го прифаќам тоа, забавно е и ми ласка. Претпоставувам дека можеше да биде и полошо – изјави тој за „AL.com“.

Во меѓувреме, Двејн го проследи сето ова, па и самиот изјави дека тие двајца неверојатно потсетуваат еден на друг.

Тој сподели фотографија на својот профил на Твитер на која Ерик е лево, а тој десно.

-О, срање! Леле. Дечкото од лево е поголема фаца. Чувај се брате, и ти благодарам за службата. Еден ден ќе пиеме текила, а јас морам да ги слушнам сите твои „Рок приказни“ бидејќи знам дека ги имаш – напиша Џонсон со фотографијата.

escort - Korsan taksi