Џеј Ло го крена целиот свет на нозе: Ја раскина свршувачката со Алекс, а сега не се одвојува од нејзината некогашна голема ЉУБОВ! Еве кој ја теши

11 мај, 2021
џеј ло го дигна светот на нозе

По веста дека Џенифер Лопез ја раскина свршувачката со Алекс Родригез, убавата пејачка предизвика сомнеж кај многумина поради честиот престој во Лос Анџелес. Со неа е Бен Афлек, за што сведочат и фотографиите направени деновиве.

Бидејќи Бен Афлек неодамна доживеа љубовен бродолом, Џенифер и Бен, велат тие, само се тешат и се поддржуваат еден со друг.

Сепак, сите добро ја паметат фазата „Бенифер“.

Да потсетиме, латино дивата започна да се забавува со Афлек, додека таа беше официјално омажена за танчерот Крис Џад, па се шушкаше дека на сопругот му исплатила голема сума пари за да не ѝ прави проблеми во бракоразводната парница.

Таа се зближи со Бен на снимањето на филмот „Џигли“, а искрите се запалија толку брзо што тие се верија истата година и ја закажаа венчавката.

Сепак, и покрај фактот дека тие беа омилени кај публиката и многумина беа убедени дека тие се совршена комбинација, врската се распадна наводно поради неговата развратна ергенска забава во стриптиз клуб и фактот што тој имаше огромни проблеми со коцкањето. После сѐ оваа убавица му го врати на Афлек прстенот вреден 1,2 милиони долари и не беше тајна дека е целосно скршена сметајќи дека ја изгубила љубовта на својот живот.

Тие, наводно, биле во пријателски односи во последните две децении, иако никогаш порано не биле видени заедно во јавноста.

escort - Korsan taksi