Џеј Ло и Бен Афлек не ги тргаат рацете еден од друг, а таа изгледа брутално!

11 септември, 2021
ben-aflek-i-dzenifer-lopez-ben-affleck-and-jennifer-lopez-10-830x0

Ова е нивно прво појавување на јавен настан по 17 години

Актерската двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек го „украдоа“ вниманието и сите погледи беа вперени кон нив на црвениот тепих на 78. Филмски фестивал во Венеција, кој оваа година ги собра некои од најголемите актерски имиња во светот.

Тие не ги тргаа рацете еден од друг, па цело време се смееја и трпеливо позираа пред фотографите, кои ги опкружуваа од сите страни, а падна и сочен бакнеж на црвениот тепих.

Бен беше во елегантно одело, додека Џенифер носеше бел фустан со длабок шлиц и деколте, па малкумина можеа да го тргнат погледот од еден од нејзините најмоќни атрибути.

Таа со својот изглед ги остави сите без здив, а многумина коментираат дека блеска од љубов откако се смири со Бен по 17 години. Не заостанаа и вљубените погледи и нежни допири на црвениот тепих.

Инаку, филмот „Последниот дуел“, во режија на Ридли Скот, напишан од Бен со актерот Мет Дејмон, денеска ќе биде премиерно прикажан. И двајцата глумат во филмот, заедно со Адам Драјвер и Џоди Комер.

Да се потсетиме, Џен и Бен се верија за прв пат во 2002 година, но една година подоцна ја откажаа венчавката, а во 2004 година објавија прекин на нивната долгогодишна врска.

По 17 години, тие повторно се заедно, а нивните обожаватели се надеваат дека овој пат тоа е „засекогаш“.

escort - Korsan taksi