ЏЕНИФЕР АНИСТОН ОДБИВА ДА СЕ ДРУЖИ СО ЛУЃЕ КОИ НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ: Актерката мисли дека со причина се ослободила од неколку ПРИЈАТЕЛИ!

4 август, 2021
2526755_profimedia0363396386_ls

Џенифер Анистон, sвездата на серијата „Пријатели“, призна дека престанала да се дружи со некои луѓе поради нивниот став кон вакцинацијата против короната.

– Се уште постои голема група луѓе кои се анти-ваксери или едноставно не ги слушаат фактите. Тоа е вистински срам – рече таа.

– Само што загубив неколку луѓе во мојата непосредна околина кои одбиваа да се вакцинираат или не откриваа дали се вакцинирани или не – додаде актерката.

Таа тврди дека секој има право на свое мислење, но дека многу мислења се базираат на страв или пропаганда.

Dženifer Aniston

– Чувствувам дека наша морална и професионална обврска е да ги информираме другите луѓе ако имаме заштита од короната, бидејќи не можеме сите да се тестираме секој ден. Затоа мислам дека се ослободив од неколку пријатели со причина – изјави Анистон.

Да се потсетиме, актерката неодамна, како гостинка во една емисија, се осврна на шпекулациите дека се помирила со поранешниот сопруг, Бред Пит, и ја дала таа изјава.

– Бред и јас сме пријатели, разговараме често и нема ништо необично во тоа, освен што сите се обидуваат да видат нешто повеќе од тоа во нашата врска – откри актерката, со што стави крај на гласините за помирувањето.

Dženifer Aniston
Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi