Џенифер Анистон со новото издание го фрли својот голем бизнис проект во втор план: Изгледа ПОДОБРО од било кога (ФОТО)

17 септември, 2021
Screenshot_2

Џенифер Анистон одлучи да го промовира својот нов бренд во заводливо издание, кое го лансираше на пазарот деновиве.

Американската актерка и sвезда од серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон, деновиве се пофали со нов деловен успех, откако одлучи да започне сопствена линија за нега на коса, која речиси остана во сенката на нејзиниот беспрекорен изглед.

52-годишната актерка на јавноста ѝ го претстави својот бренд „LolaVie“ со серија црно-бели секси фотографии од кои сите се восхитуваат на нејзиниот младешки изглед.

Таа им позираше во елегантни комбинации, а најмногу заинтригираше облеката во тесен црн фустан со длабоко деколте, и бело здолниште со шлиц речиси до половината.

Џенифер, инаку, со секоја нова фотографија што ја објавува на социјалните мрежи докажува дека годините за неа се само бројка.

Ѕвездата од серијата „Пријатели“ може да ѝ се заблагодари за својата витка фигура во шестата деценија на здравата исхрана и редовното вежбање, а исто така призна дека со години користи додатоци на база на колаген од брендот „ Vital Proteins “, од кои е амбасадорот и креативниот директор од крајот на минатата година.

Во последниве години, таа често истакнуваше дека се чувствува одлично во своето тело и дека не ѝ е грижа за годините, туку и за пластичните операции.

„Мислам дека нашите тела се убави и треба да ги славиме, и да се чувствуваме добро во нив, без оглед на нашата возраст. Не треба да се срамиме од нив”, рече таа во интервју пред две години.

escort - Korsan taksi