ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ГИ ИЗБРИША СИТЕ ФОТОГРАФИИ СО ПОРАНЕШНИОТ: Пејачката му зададе нов удар на Алекс Родригез, а еве како тој го поднесе тоа! (ФОТО)

15 август, 2021
2349701_profimedia0383362022_ls

Пејачката Џенифер Лопез (52) и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (46) ја раскинаа веридбата на почетокот на годината, а сега латино дивата го „избриша“ и од виртуелниот живот.

Dženifer Lopez, Aleks Rodrigez

Имено, по раскинувањето, тие двајца немаат контакт, а Џеј Ло сега ги избриша сите фотографии со Родригез на социјалните мрежи и го отследи.

Од друга страна, Алекс не го стори тоа, па се уште има многу фотографии со пејачката на својот профил на Инстаграм, и се уште ја следи на оваа социјална мрежа.

Aleks Rodrigez

Да се потсетиме, кратко по прекинувањето на свршувачката, Џенифер започна врска со актерот Бен Афлек, со кого пред 17 години требаше да стапи во брак.

Бенифер, како што тогаш ги нарекуваа медиумите, тогаш беше најпознатата двојка во светот на шоу-бизнисот, а ги разоружаа сите кога објавија дека се разведуваат. Во последните денови се шпекулираше дека пејачката ќе се пресели во Лос Анџелес за да биде поблиску до избраниот, како и дека двојката во моментов размислува за купување вила вредна 85 милиони долари.

Dženifer Lopez, Ben Aflek
escort - Korsan taksi