Џенифер Лопез и Бен Афлек заблескаа од среќа на црвениот тепих: Пејачката облече интересна кафена комбинација (ФОТО)

10 октомври, 2021
eb06a8d5fa392b8b0ca2b717b6f0f0be559a13e0

Џенифер Лопез и Бен Афлек синоќа беа на премиерата на новиот филм.

Премиерата на филмот во кој Бен Афлек игра една од главните улоги се одржа синоќа во Њујорк. Станува збор за историската драма, „Последниот дуел“. Очекувано, Бен дојде „рака под рака“ со својата девојка Џенифер Лопез.

Џенифер (52) ги привлече сите погледи кога прошета по црвениот тепих во интересна комбинација.

Пејачката и актерка за премиерата носеше комбинација од златна и кафеава боја. Таа искомбинира долго здолниште со висок шлиц на страна и кратка ролка со долги ракави.

Врза дел од косата во цврсто репче, а со комбинацијата на здолништето и кратката ролка, имаше и торба со животински принт.

Додека беа на црвениот тепих, Џенифер и Бен не можеа а да не разменат барем еден бакнеж.

escort - Korsan taksi