Џенифер Лопез конечно ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед: Луѓето се во неверување, а таа тврди – мајка ми ме научи на тоа!

21 февруари, 2021
jlo

Џенифер Лопез откри дека на 51 година изгледа двојно помладо!
Мажите ја гледаат со желба во нивните очи, жените и завидуваат и сакаат да личат на неа, а убавата Џеј Ло неодамна ја лансираше својата колекција за нега на кожата, при што откри како изгледа толку добро во шестата деценија.

На видеото што го објави, Џенифер вели дека луѓето постојано ја прашуваат како е згрижена и дека скоро се чувствувала обврзана да им ја „сервира“ својата тајна во шише, поради што ја создала линијата Jlo Beauty.


На истото видео, популарната пејачка и актерка откри дека нејзината тајна состојка за нега на кожата е маслиновото масло.

„Тоа е трик што ме научи мајка ми, маслиновото масло е добро за кожата, косата, ноктите…“, вели Џенифер, но сепак многумина не и веруваа, што и ’рекоа во коментарите.
„Добри гени, добро, но нема фини линии на лицето, тоа е невозможно“, и рекоа тие.

Џенифер Лопез претходно категорично ги негираше шпекулациите дека инјектирала ботокс, но многу дерматолози го споделија своето мислење на социјалните мрежи за тоа – и претежно сите се сомневаат дека пејачката изгледа толку младешки само со помош на природни состојки.

Ботокс или маслиново масло, не знаеме, но дека изгледа убаво – изгледа! Уживајте во нејзините фотографии:

escort - Korsan taksi