Џенифер Лопез објави слика на која заводливо позира во градник, но сите прво забележаа нешто друго

26 март, 2021
Screenshot_38

Среде гласините за проблеми со свршеникот Алекс Родригез, пејачката и актерка Џенифер Лопез сподели на Инстаграм фотографија од снимањето на нејзината нова кампања, облечена во бело од глава до петици.

51-годишната Џенифер позираше во бело одело под кое носеше само градник и во нов модел на патики што ги дизајнираше за моден бренд.

„На врвот на светот“, напиша Џенифер заедно со објавата.

Но, сите прво забележаа дека пејачката позира без дијамантскиот веренички прстен, без кој претходно не се појавуваше никаде. Ова се случи по нејзините тврдења дека дава се од себе и дека заедно со Алекс прави сè за нивната врска да биде приоритет во нивните животи, пренесува списанието People.

Свршениците во моментот се разделени бидејќи Џенифер треба да продолжи со снимањето на нејзиниот нов филм „Shotgun Wedding“ во Доминиканската Република, додека Алекс треба да биде во Мајами, каде ќе работи како коментатор на сезоната во бејзбол.

“Тие работат за да ја направат врската најважна. Алекс веќе беше во Доминиканската Република за да помине неколку дена со Џенифер. Таа работи напорно и сака да биде среќна”, изјави извор близок до нив.

Неодамнешната вест за раскин на свршувачката ги шокираше сите, но парот наскоро го демантираше тоа и во заедничка изјава призна дека има некои проблеми, но дека работат на нивно решавање.

escort - Korsan taksi