Џенифер Лопез овие денови не престанува да го покажува своето совршено тело на кое му се восхитуваат милиони нејзини обожаватели и се прашуваат како е можно да изгледа толку добро на овие години

17 јануари, 2021
Screenshot_3

Пејачката и актерка Џенифер Лопез овие денови продолжува да маѓепсува со својот изглед каде и да се појави, без разлика дали е облечена од глава до пети, во издание за во теретана, во костуми за капење или целосно гола.

Апсолутно сите се восхитуваат на телото на оваа 51-годишна девојка, а како и не би кога изгледа подобро од нејзините дупло помлади колешки. Тоа го покажа на неодамнешниот одмор на островите Турк и Каикос, па дури и медитираше во црвено бикини на плажа. Облините и јасно дефинираните мускули се нејзин заштитен знак, а Џенифер изгледа не се двоуми да се пофали со тоа, па видеото што го објави на Instagram може да ги замолкне сите оние кои тврдат дека користи премногу Photoshop за да ги уредува своите фотографии.

Откако ја започна новата година на егзотичниот архипелаг, Џенифер се врати во САД со својот свршеник Алекс Родригез, со кого е свршена од 2019 година и ги воодушеви своите обожаватели со долго најавуваниот спот за песната „In The Morning“ во кој целосно се соблече. Видеото трае три минути, а Џенифер, меѓу другото, вешто ги крие своите стратешки места во него, за да не им покажува премногу на милионите фанови.

Ова не е прв пат Џенифер да се соблече гола, но многумина се прашуваат дали навистина е можно да изгледа толку добро на нејзините години. Но, зад сето ова има многу пожртвуваност и секојдневно вежбање, и ако има мала неправилност ппнекаде, нема Photoshop што не може да го реши. И покрај ова, строгиот режим на Џенифер е за восхит, и со право.