ЏИНС МОЖЕ ДА СЕ НОСИ И ВАКА! Кајли Џенер покажа како секојдневна комбинација може да ја претворите во – ГЛАМ ИЗДАНИЕ!

1 јули, 2021
kylie-jenner-no-makeup-selfie-social-1024x576

Риjалити sвездата и деловна жена Кајли Џенер е една од славните девојки кои не се спротивставија на широките панталони оваа сезона.

Откако вчера го видовме супермоделот Џиџи Хадид како го носи овој модел, Кајли позираше во широки фармерки со големи џебови.

Таа ги комбинираше како што тоа го правеа хип-хоп sвездите кон крајот на 90-тите и раните 2000-ти – со бел асиметричен кроп топ. Сепак, иако се очекуваше оваа варијанта на облека да биде надополнета со бели патики, Џенер реши да го „зачини“ својот стил со тексас чевли со зашилен врв и елегантна минијатурна чанта во духот на деведесеттите години.

Кајли, инаку, обожава комбинација на кратка бела маичка со широки панталони, а во април ни покажа како да ја носиме со патики.