Џорџина на Роналдо на трибините: Тесна маица, деколте и облини

28 јуни, 2021
24h-1_0I3IM4B

Атрактивната Џорџина носеше тесен бел топ за да ги истакне бујните гради, додека кратките фармерки одлично и прилегаа на гломазниот задник. Ретки се оние кои не го забележаа тоа

Девојката на најпознатиот светски фудбалер Кристијано Роналдо (36), Џорџина Родригез (27) не го пропушти последниот натпревар со репрезентацијата на Португалија на Европското првенство оваа година. Џорџина внимателно го следеше својот драг на трибините, придружувана од неговиот син Кристијано Роналдо Џуниор и нејзините пријателки.

И покрај огромната желба и поддршка од ваквите убавици, Португалците загубија од Белгија и со тоа испадна од понатамошното натпреварување.

618214965

Џорџина и овој пат ги засени сите останати со својот изглед на трибините. Носеше тесен бел топ за да ги истакне бујните гради, а кратките фармерки одлично и стоеја на гломазниот задник. Сите погледи беа вперени во оваа убавица.

Да се потсетиме, парот заедно има ќерка, а Кристијано има уште три деца кои му ги роди сурогат мајка.

Belgium v Portugal, UEFA European Championship 2020, Round of 16, Football, La Cartuja Stadium, Seville, Spain - 27 June 2021

Со атрактивната Џорџина се запозна во 2016 година додека таа работеше како продавачка во продавница во Мадрид. Вереницата на Кристијано во едно интервју призна дека се заљубила во него на прв поглед во продавницата.

Belgium v Portugal, UEFA European Championship 2020, Round of 16, Football, La Cartuja Stadium, Seville, Spain - 27 June 2021

– Прво се сретнавме во продавница каде што работев како асистент за продажба, а неколку дена подоцна повторно се видовме на еден настан на брендот. Тогаш можевме да разговараме во релаксирана атмосфера, надвор од моето работно опкружување. Тоа беше љубов на прв поглед и за двајцата – изјави таа.