ЅВЕЗДА НА „FRIENDS“ ФЛЕРТУВАЛА СО МАЛОЛЕТНИЦИ? „Најголемиот лигле од сите глумци“

12 мај, 2021
profimedia-0098732762

Актерот Метју Пери беше една од најголемите телевизиски sвезди во 90-тите години на минатиот век, а денес е 51-годишник кој загрижува милиони обожаватели со својот изглед. Ѕвездата од серијата „Пријатели“ водеше бурен живот кој остави свој белег, и додека тој одамна воодушевуваше со својот хумор и актерски талент, денес многумина се загрижени од неговото однесување. Имено, неодамна во јавноста стигна информација дека актерот ја користи апликацијата за дејтинг Raya, главно за да повикува девојки кои се повеќе од 30 години помлади од него.

Една корисничка на „ТикТок“ одлучи јавно да го именува Пери, кој ја контактирал преку таа апликација кога имала 19 години. Како што вели таа, едно од прашањата што тој и ги поставил беше „Дали сум стар колку татко ти?“. Кејт Харалсон ја објасни својата одлука да излезе во јавноста со овие детали со изјавата дека сака да покаже колку предатори на интернет има и дека многу од нив се богати и славни. „Апликацијата може да ја користат возрасни, но многу девојки на возраст од 16 и 17 години ја имаат или лажат дека се постари за една година или две. Некои од нив го добија повикот на овој лигле, и кога му рекоа дека сè уште не се возрасни, тој одговори: „Уште подобро“.

Тиктокерката вели дека сè се случило точно пред една година, и дека таа кликнала на Пери затоа што сметала дека разговорот со него ќе биде забавен и смешен, но потоа тој и поставил неколку приватни прашања поради кои, како што вели, не се чувствувала добро. „Беше чудно да разговарам со некој што е на иста возраст со татко ми и едноставно не беше во ред за мене, особено кога тој знаеше колку сум помлада. Веќе слушнав дека тој зборува со малолетни или свежо полнолетни девојки и ги моли да се запознаат“, вели таа. Таа изјави дека тие никогаш не се нашле, иако тој наводно сакал и инсистирал на тоа. „Можеби еден ден можеш да направиш тест за Ковид и да дојдеш кај мене“, наводно и рекол актерот, а таа го блокирала. Многумина последователно коментираа дека поранешната актерска sвезда е „најголемиот лигле“.

escort - Korsan taksi