Ѕвездата на „Американска пита“, убавата мајка на Стифлер, е новата Саманта Џонс во „Сексот и градот“?

16 јануари, 2021
sami

ХБО потврди дека ќе се снимаат нови епизоди од хит ТВ-серијата „Сексот и градот“, но во нив нема да биде вклучена легендарната Ким Катрал (64) во улогата на Саманта Џонс, социјалните мрежи ги разгореа шпекулациите за тоа кој би можел да ја замени популарната актерка.

Името што најмногу се споменува е Џенифер Кулиџ, 59-годишната sвезда која ја отелотвори мајката на Стифлер во комедијата „Американска пита“, а ја видовме и во филмот „Русокосата од Харвард“. Сепак, за време на гостувањето во емисијата „Гледај што се случува во живо“ со Енди Коен, Кулиџ откри дека не ја интересира споменатата улога, а објасни и зошто.

– Никој не може да ја замени Ким! Бев и сè уште сум голем обожавател на „Сексот и градот“. Тоа е една од оние серии од кои никогаш не ви е досадно, можете да гледате репризи безброј пати и повторно нема да ви биде доволно – рече актерката.

Инаку, Џенифер имаше помала улога во епизодата „Сексот и градот“ во 2003 година.