Ѕвездата на серијата „Смолвил“ беше осудена на три години затвор за регрутирање жени за духовен култ

1 јули, 2021
smalvil
  • Жал ми е за сите што ве воведов во Нексиум (NXIVM) – напиша поранешната актерка.

Алисон Мек, актерка од популарната ТВ серија „Смолвил“, денес е осудена на три години затвор за учество во неславната секта Нексиум (NXIVM), која се занимаваше со криумчарење, трговија со секс, изнуда, опструкција и рекет.

Актерката беше осудена денес на суд во Њујорк откако во април 2019 година ја призна вината за една точка за рекет и една за заговор, а се очекува да биде испратена на издржување на казната на 29 септември, пренесува Ројтерс.

Пред да биде осудена, Мек во писмото до нејзините адвокати неколку дена претходно напиша дека и е исклучително жал за целата ситуација и дека соработката со Кит Раниери, водачот на овој неславен култ, осуден на дури 120 години затвор, беше најголемата грешка во нејзиниот живот.

Адвокатите на актерката побараа таа да не добие голема затворска казна откако ќе ги признае злосторствата, како и поради фактот што истакна дека и е крајно жал.

Една од жртвите, Џесика Џоан, зборуваше денес на изрекувањето на пресудата рече дека Мек емотивно ја изманипулирала и на крајот ѝ наредила да го „заведе“ Раниери, ветувајќи ѝ дека ќе ја реши нејзината траума од претходното сексуално злоставување, но таа не ја испочитувала таа наредба.

Другите „сексуални робови“ во оваа секта ја опишаа Алисон Мек за време на судењето како неверојатно сурова личност која ги заплашуваше и казнуваше.

Судот денес го призна фактот дека актерката соработувала во судскиот процес против Раниери и изрекла казна помала од 14 години предвидена со федералните закони, а исто така изјави дека верува дека нејзиното каење е искрено.

Меѓу членовите на овој култ беше и Индија Оксенберг (27), ќерка на холивудската актерка Катарина Оксенберг и внука на принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi