ЅВЕЗДАТА од ЧЕРНОБИЛ Актерот Пол Ритер ја загуби битката за живот

6 април, 2021
profimedia-0475198663

Почина актерот кој ја играше улогата на заменик-главниот инженер во нуклеарната централа во серијата „Чернобил“

Актерот Пол Ритер почина на 55-годишна возраст од тумор на мозокот, изјави неговиот агент за Гардијан. Пол почина вчера, 5 април, и целата актерска сцена стана црна. Тој ги изгради своите почетоци како семеен патријарх Мартин од телевизиската серија ‘Friday Night Dinner’ заедно со Тамсин Григ, Симон Бирд и Том Розентал.

Paul Ritter

Тој се појави во голем број филмови, вклучувајќи ги Harry Potter и Quantum of Solace. Сепак, тој најмногу се прослави за улогата на Анатолиј Дјатлов во наградуваната серија „Чернобил“. Исто така беше талентиран театарски актер, номиниран за наградата Olivier во 2006 година, за неговата изведба во филмот ´Coram Boy´ и за наградата Тони, за главната улога во ´Norman Conquests´ во 2009 година.

„Со голема тага можеме да потврдиме дека Пол Ритер почина синоќа“, рече неговиот агент. „Тој почина мирно дома со сопругата Поли и синовите Франк и Ноа покрај себе. Имаше 54 години и имаше тумор на мозокот, додаде тој.

Paul Ritter

„Пол беше исклучително талентиран актер кој поседуваше извонредна можност да игра широк спектар на улоги и на сцената и на екранот. Тој беше натпросечно интелегентен, љубезен и многу смешен. Многу ќе ни недостасува “, ја заврши својата изјава агентот на Пол.

Ритер треба да се појави во ретроспектива на 10-годишнината од серијата ‘Friday Night Dinner’ што ќе се емитува подоцна оваа година.

escort - Korsan taksi