Ѕвездата од филмовите за Хари Потер и серијата “Peaky Blinders” почина на 53 години, а тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг

17 април, 2021
Opera Snapshot_2021-04-16_161704_dnevnik.hr

Актерката Хелен МекКрори почина од последиците од рак со кој се бореше веќе некое време. Таа имаше само 52 години, а веста за нејзината смрт ја потврди нејзиниот сопруг, Дамјан Луис.

“Срцето ми се крши што морам да ги известам сите дека по херојската битка со ракот, почина моќната и убава жена Хелен МекКрори. Почина мирно дома, опкружена со љубовта на семејството и пријателите”, напиша Луис на Твитер.

“Таа почина како што живееше – без страв. Ние сме навистина среќни што ја имавме во нашите животи”, додаде тој.

Хелен МекКрори се прослави со улогите како Нарциса Малфој во филмовите за Хари Потер и Поли Греј во серијата „Peaky Blinders“. Во текот на нејзината богата кариера, таа доби пофалби и награди за нејзините улоги.

Нејзините многу колеги, пријатели и обожаватели се збогуваат со неа на социјалните мрежи, а на семејствата им беше порачано да бидат силни во овие тешки моменти.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi