Една од најсекси жените светот приреди шоу за паметење на улиците на Њујорк, трчајќи само по долна облека

16 април, 2021
Screenshot_79

Ирина Шајк (35) е една од најбараните модели на денешницата поради нејзината убавина, и секако ентузијазмот со кој пристапува кон секој нов ангажман.

Волшебната Русинка подготви незаборавна сцена за минувачите на улиците во Њујорк, додека со голема насмевка снимаше модна кампања. Имено, Ирина прошета во секси, долна облека од Victoria’s Secret и се опушти како да е во нејзиниот дом.

Changing it up: The supermodel was later seen wearing a reflective pink minidress during the second part of the photoshoot

Во еден момент носеше свилена, розова ноќница, над која имаше мантил, а под неа имаше црн градник. Покрај тоа, таа комбинираше црни мокасини и бели чорапи.

Во вториот дел од снимањето, Шајк беше во фармерки, розово, чипкаво боди, кое беше многу посекси од ноќницата. Покрај тоа, таа носеше високи потпетици и јакна. Со секоја од комбинациите, Ирина носеше неколку вреќички.

Color coordination: Shayk, who has worked with Victoria's Secret for over a decade, appeared to be enjoying herself while switching from outfit to outfit, boasting a bright pink color scheme

Инаку, руската убавица преку своите модни ангажмани собра богатство проценето на 15 милиони долари. Уште повеќе од нејзиниот сексапил е нејзината врска со актерот Бредли Купер, со кого ја има и четиригодишната ќерка Лео. Двајцата беа заедно од 2015 до 2019 година, кога се шушкаше дека Бредли се бакнува со пејачката Лејди Гага со која го снимаше филмот „Sвездата е родена“. По раскинувањето, тие останаа во добри односи и заедно се грижат за својата ќерка.

Changing it up: The supermodel was later seen in a busty satin pink minidress which she teamed with black loafers and white socks

Шајк немаше лесно детство бидејќи како тинејџерка го загуби татко ѝ кој не успеал да се справи со пневмонија. Поради ова, нејзиното семејство се соочи со сиромаштија и нејзината мајка мораше да заврши две работи за да ги прехрани.

По завршувањето на средното училиште, Ирина се запишала на маркетинг студии, но наскоро решила да оди на училиште за козметологија каде што отишла нејзината сестра. Таму ја забележал човек од локална агенција за моделирање кого го маѓепсала со својата убавина. Ирина учествуваше на изборот за убавина во 2004 година и ја освои титулата Мис на Челјабинск.

Три години подоцна, таа доби важни модни ангажмани и стана заштитно лице на познатата марка за долна облека, но нејзината меѓународна слава беше донесена на насловната страница на списанието „Sports Illustrated Swimsuit Issue“ во 2011 година. Во тоа време, таа беше наречена и икона на модната индустрија.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi