Елен Деџенерис и нејзината сопруга конечно открија во какoв однос се навистина

15 февруари, 2021
profimedia-0513885117-1-1

По бројните шпекулации за пропаѓање на еден од најпопуларните лезбејски бракови, Елен и Портија сега објавија сè

Минатата година животот на некогаш популарната, а сега една од најомразените луѓе во Холивуд, 63-годишната Елен Деџенерис, отиде во надолен правец. Имено, во тоа време во јавноста излегоа обвинувања за токсична работна атмосфера и мобинг на снимањето на емисијата на „The Ellen De Generes Show“, поради што водителката беше нападната од поранешни вработени, но и од јавноста која ја бојкотираше емисијата. Покрај тоа, имаше бројни гласини за кризата во нејзиниот брак со 48-годишната актерка Портија де Роси, а бројни таблоиди пишуваа дека на нивната љубов ѝ се стави крај, но и дека – Елен ја злоупотребува својата сопруга. Сепак, сега, славната водителка и нејзината избраничка дадоа заедничко интервју за „People“ и на тој начин открија што всушност се случува во нивните „четири sида“.

Имено, и покрај шпекулациите дека по 13 години брак и 16 години врска, нивната љубов пропаднала, Елен и Портија тврдат дека се повеќе заљубени од кога било. И покрај долгогодишното „искуство“, тврдат тие, романсата во нивниот брак е сè уште „на ниво“. Имено, открила Портија, секогаш кога е на пат, Елен го „средува“ персоналот на хотелот со ливчиња од роза за да ѝ организира облик на срце на нејзиниот кревет.

„Секој пат, веќе 16 години. И тоа секогаш ме „соборува од нозе“ “, рече Портија, која го прави истото за Елен. Имено, како што открила водителката, секогаш кога ќе замине, сопругата ѝ остава мала порака, која Елен ја смета за „многу слатка“. „Таа е толку внимателна“, рече волшебната водителка, која тврди дека среде скандалот во кој се најде, Портија ѝ беше најголема поддршка – иако таблоидите го тврдеа спротивното.

„Тоа ми го скрши срцето, немаше да поминам низ сето тоа да не беше таа. Тоа беше ужасен период од мојот живот и таа беше мојата карпа. Таа ме натера да продолжам понатаму и ми помогна да ги видам работите подобро“, призна Елен и додаде Портија „Созреавме како двојка, навистина мислиме една на друга и ја ставаме нашата врска на прво место“, рече актерката.

„Со тоа, станувате многу постабилни. Мислиме на истото, ги кажуваме истите работи во исто време, ги завршуваме една со друга сендвичите, не, реченици. Усогласени сме и лесно е“, додаде Елен, која има само пофални зборови за својата сопруга. „Таа е силна. Самоуверена е. Навистина е смешна. Се облекува добро и танцува добро. Учи да готви “, рече Елен и додаде дека се среќни што се имаат, ставајќи крај на шпекулациите за распадот на нивниот брак.

Да потсетиме, пред неколку месеци странските медиуми пишуваа дека, поради стресот што го доживува, Елен ја злоупотребува Порција. „Елен е во голема паника. Навикнала нејзиното шоу да биде едно од најгледаните, така што ова е сосема друг свет за неа. Таа е вознемирена, нервозна и „на работ“. Сиромашната Портија го носи целиот товар од тоа “, започна извор близок до сопружниците.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum