Елена Андоновска со најава нова песна и видео во чест на големата Вања Лазарова

13 април, 2021
вања лазарова елена


Деновиве Елена Андоновска го сними видео записот за песната “Мори деј Невено” која е дел од нејзиниот нов албум “Запеало славеј пиле”. На тој начин таа официјално ја започна и медиумската промоција на албумот токму како што им вети на своите обожаватели. Истиот се снимаше во Кратово, Куклице и с. Страцин од каде што потекнува доајенот на македонската народна песна Вања Лазарова. За свои соработници Елена повторно ги одбра “Арт студио” – продукција со кои успешно ги сработи и предходните видео приказни од првиот свој албум.

Судејќи според кадрите ова ќе биде една прекрасна визуелна разгледница која опфаќа уште еден познат крај и предели од нашата лична Македонија….предели како создадени за да одекне гласот на Елена која ни нагласи дека ова нејзино видео ќе биде во чест на големата и незаборавна Вања Лазарова. Промоцијата во етерот следи наскоро…

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi