Елена Ристеска со емотивно сеќавање на нејзниот починат татко: „Кога душата ти тагува не и е до песна, иако ти напишав јас една и кога ќе соберам храброст и сила, ќе ја објавам“ (ФОТО)

1 октомври, 2021
елена

Елена Ристеска иако важи за една од најголемите македонски поп ѕвезди последниве години, евидентно е дека се’ помалку се занимава со музика. Поминаа повеќе од пет години откако нејзиниот последен албум „Без шминка“ се појави, и оттогаш  пејачката само повремено и спорадично се појавува на некој  настап, или ја има во медиумите заради нејзините песни и музиката воопшто.

Елена последниве години се посвети на својата нова определба, козметиката, па со нејзината козметичка линија, односно нејзниот бренд парфем  „Ера“ и шампоните и гелови за туширање од истата марка се повеќе е присутна во јавноста.

Дали заради општите околности во кои естрадата и општеството воопшто западнаа или заради низата лични премрежја со кои се соочи во приватниот живот, како разводот на бракот и особено смртта на нејзиниот татко со кој Елена очигледно била многу блиска и поврзана.  Токму заминувањето на најмаркантната машка фигура во нејзиниот живот  ќе ѝ го скрши не само срцето, туку ќе и го смени комплетно животот, ќе ѝ го „убие“ целиот елан, желба и мотивација, комплетниот предизвик  за песна и занимавање со музика воопшто, па Елена ќе почне да работи и нешто сосема друго.

Но ветувањето, аманатетот дека еден ден вистински ќе се врати, онака како што јавноста ја познава, а можеби и уште посилна, поенергична, подобра од било кога, остануваат… Прашање на време е само кога тоа ќе се случи, кога „девојчето со чорапчињата“ од „М2 потрагата по ѕвезди“ повторно ќе се разбуди во неа, за да блесне и експлодира со некаков нов „нинанајна“  успех „без шминка“… Овој пат… „доживотно“!

Тоа јавно му го вети на најсаканиот човек  во нејзиниот живот, а и го должи и на нејзината публика… Токму потсетувањето на денот на заминување на нејзиниот починат татко со емотивно сеќавање на социјалните мрежи, ја открива сета нејзина болка и патина во деновите и години „полни празнина“ без него. Но и пораката, дека саканите што заминале физички не можеме да ги вратиме, но затоа можеме да им вратиме со полна душа и срце за се’ што за нас направиле… Во случајот на Елена Ристеска – со песна!

„На овој ден пред 5 години беше нашиот последен поздрав со твоето тело, но душата твоја не’ напушти на 29ти. И секогаш мислев дека на денот на починувањето ќе ми биде најтешко и секој следен таков датум, ама потешки се деновите кои доаѓаат после тој ден. “Полни” се сите денови со празнина. Ќе рече некој душите не не’ напуштаат, не знам колку е вистина тоа ама мене ми е единствената утеха со која одбирам да живеам. Не сакам да прифатам дека те нема , ама максимум што можам да прифатам е да мислам дека си некаде далеку во друга држава и дека ти е најубаво, дека затоа не си тука.
Знам дека си горд на мене и дека се’ гледаш и се’ слушаш и знам дека уште повеќе беше горд кога пеев и нижев успеси со музиката,но само ти можеш да ме разбереш кога душата ми тагува и не и’ е до песна, и кога целиот предизвик, елан и мотивација ќе ти избегаат некаде далеку. И затоа полесно ми е да работам нешто друго а не музика. Ама ветувам пак ќе пеам како некогаш , ти го должам тоа тебе за да се гордееш од горе и секако на тие кои ме сакаат. Ти напишав јас песна, ама кога ќе соберам храброст и сила ќе ја објавам… Не постои љубов како твојата ТАТО“.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi