Елена Ристеска со новите заводливи фотографии ги воодушеви фановите, но еден коментар привлече големо внимание…

31 март, 2021
elena risteska

Македонската пејачка и претприемачка, Елена Ристеска, денеска на своите профили на социјалните мрежи објави фотографии кои предизвикаа внимание кај нејзините следбеници.

Ристеска важи за една од најубавите жени во Македонија, а доказ за тоа е и последната нејзина објава, во која – на минималистички и сексапилен начин ја истакнува својата убавина.

Со оваа објава Елена ги промовираше новите производи од нејзината козметичка линија „ЕРА“ – геловите за туширање.

Сепак, и покрај неодоливите фотографии и убавата вест која што сакаше да ја сподели со нив, она што предизвика големо внимание е еден коментар под објавата.

Имено, извесен Краси Панчев, напиша:

„Само една Бугарка може да биде толку убава“, на што Елена не остана рамнодушна.

„Краси Панчев, мислиш, МАКЕДОНКА!!! Чиста“, му одговори Елена.

Преземено од 24info.mk