Елена Велевска сподели никогаш видена фотографија од наследничката како бебе, а имаше посебен повод за тоа: „Те сакам бесконечно“

12 јули, 2021
velevska

Семејството е најголемото богатство и поткрепа за еден човек, а фолк пејачката Елена Велевска се труди да го држи цврсто овој семеен ѕид, во домот со трите деца, но и најблиските.

Пејачката е активна на социјалните мрежи, редовно објавува фотографии од неа на кои често е во провокативно издание и го привлекува вниманието со својот сексапилен изглед.

Кога пак станува збор за приватниот живот, таа одвреме – навреме знае да сподели некој детаљ и да покаже како го поминува времто со најмилите, односно нејзините дечиња.

Овојпат, пејачката имаше посебна причина за славење, а тоа беше роденденот на нејзината ќерка Калија која наполни 8 години.

Токму по тој повод, Велевска на својот Фејсбук објави никогаш видена фотографија со наследничката која настанала набргу по породувањето.

Имено, на објавата е Елена со Калија како бебе која лежи во прегратките на нејзината мајка.

Потоа, пејачката објави фотографија од славеничката која наполни 8 години, а во описот напиша и кратка, но емотивна порака.

„Среќен роденден мила моја Калија. Те сакам бесконечно“, напиша Велевска.

Инаку, Пејачката е мајка на три деца, Софиа, Марко и Калија.

Потсетуваме, Велевска претходната година се разведе од сопругот Марјан Мирчевски.

Среќен роденден.

Преземено од vistina.com.mk