Ештон Качер го прослави својот роденден, а Мила Кунис се скри во плакарот! (ВИДЕО)

10 февруари, 2021
beb97d2289ff2253ef360126f956cc9c263e176a

Ештон Качер е Водолија и го прослави својот 43 роденден на 7 февруари.

На Мили Кунис (37) дефинитивно ѝ досади изолацијата. Вчера, во интервју за познатото ток-шоу „The Ellen DeGeneres Show“, таа ја насмеа цела Америка. Интервјуто го даде од дома, а носеше шорцеви за велосипедизам и сметаше дека никој нема да забележи.

Сепак, Елен им дава задачи на гостите, па кога Мила Кунис мораше да „игра“, сите ја видоа нејзината „облека“. Тоа не е единствениот гаф на Мила во последните денови. Таа беше видена на улица во жешки фармерки. И тоа не е сè, во последно време сите ја прозиваат Мила Кунис полека, но сигурно, дека сè повеќе личи на Деми Мур, поранешната сопруга на нејзиниот сопруг.

Инаку, Ештон го прослави својот 43 роденден на 7 февруари во кругот на семејството со синовите Вајат (6) и Димитри (4). Исто така се пофали со новата реклама што тој и неговата сопруга ја снимија за чипс. Во едно интервју, Мила Кунис објасни како настанала соработката:

– Никогаш не работиме заедно, но беше забавно – вели Мила Кунис.

Станува збор за смешна реклама „Не сум јас“ што ја снимија на тема „Еве што се случува кога ќе нѐ заклучите Мила Кунис и мене за време на пандемија“. Мила јаде чипс и се крие од Ештон, а тој ја наоѓа лесно, бидејќи остава мрсни траги насекаде со прстите…

– Кога ни понудија да снимаме реклама за два дена, јас прво помислив: „ние сме затворени со децата веќе една година, слобода!“ и веднаш прифативме – заклучува Мила.

escort - Korsan taksi