ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ „ПРИЈАТЕЛИ“ ЗА НОВАТА ЕПИЗОДА НА КУЛТСКАТА СЕРИЈА: Неверојатно!

28 мај, 2021
profimedia-0547639495-1-725x480

Главните sвезди на култната серија „Пријатели“ наводно добиле помеѓу 2,4 и 3 милиони долари за повратната епизода, пишува Hollywood Reporter.

Шестте актери, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудро, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Метју Пери, се вратија на малите екрани по завршувањето на снимањето на последната сезона од серијата во 2004 година, а нивните животи се повторно под лупа на милиони фанови ширум Светот.

Британски „Daily Star“ пишуваше за богатството на Метју Пери, односно Чендлер од серијата, и пишуваат дека е „тежок“ околу 120 милиони долари. Тој глумеше во сите 236 епизоди на „Пријатели“ помеѓу 1994 и 2004 година.

Како и останатите главни актери, на Пери му беше платено нешто повеќе од 22 илјади долари по епизода за првата сезона. Таа сума се искачи на дури милион долари по епизода до последната сезона.

Според „USA Today“, главните актери од „Пријатели“ заработуваат помеѓу 18 и 20 милиони долари годишно само благодарение на улогите во култната серија.

Секако, Пери глумеше и во бројни филмови, а неговиот живот често беше под лупа на јавноста поради борбата против алкохолот и дрогата за време на неговата кариера.

Патем, обожавателите беа загрижени за Пери неодамна за време на интервјуто за „ People “, кога тој зборуваше нејасно и често гледаше во празно.