„Фанк Шуи“ на “HEMI live music sessions“

10 мај, 2021
fank sui

Од вкупно 285 европски таленти од Централна и Југоисточна Европа, жирито првично избра 27 бендови од 9 држави, меѓу кои од Македонија беа избрани Плутос Даутс, Фанк Шуи и Ју. Во вториот круг влегоа ФАНК ШУИ, заедно со уште осум европски бендови. 

HEMI MUSIC AWARDS (HMA) е нова програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои се подготвени да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво. HMA е организирана од HEMI (Центар за размена на музички иновации) – Европска иницијатива која има за цел поддршка на изведувачи и професионалци во музичкиот бизнис од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија. Иницијативата е поддржана од програмата Креативна Европа на Европската Унија.

HMA (HEMI MUSIC AWARDS) полека се приближува кон крајот на втората фаза. На 23-ти мај (недела), преку онлајн настапи на 9-те финалисти, ќе се одредат трите победници!

За време на настанот, 9-те финалисти ќе се претстават со песна по сопствен избор, а публиката и судиите ќе имаат шанса подобро да ги запознаат преку интервјуа со секој од финалистите.

Во изминатите два месеци, 9-те финалисти – Thom Artway (CZ), I Wear* Experiment (EE), Deaf Radio (GR), Woodstock Barbie (HU), Funk Shui (MK), Dogs in Kavala (RS), Izzy and the Black Trees (PL), Lucia (RO), Koala Voice! (SI) посетија персонализирани сесии и професионални тренинзи од страна на ментори – експерти во областа на музичката индустрија, кои работат со компании и фестивали како што се Spotify, Songtrust, Google, !Κ7, Sziget, MENT Ljubljana, A38 Ship, Sony/ATV, etc.

Менторите го пренесоа своето знаење и искуство преку вкупно 50 персонализирани сесии на теми како што се издаваштво, монетизација, рекламирање, букинг, ПР,  маркетинг, турнеи, како и изработка на плејлисти.

Преземено од nezavisen.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi