Фанк шуи се македонските финалисти на Хеми 2021

15 март, 2021
fang sui

Еден од најпрогресивните музички состави кај нас, Фанк шуи, моментално актуелен со синглот “Не Време”, се наоѓа помеѓу 9-те финалисти номинирани за “HEMI Music Award” – новата програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои се подготвени да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво.

Од вкупно 285 европски таленти од Централна и Југоисточна Европа, жирито првично избра 27 бендови од 9 држави, меѓу кои од Македонија беа избрани Плутос даутс, Фанк шуи и Ју, а во вториот круг, со гласовите од меѓународното жири, влегоа Фанк шуи, заедно со уште осум европски бендови.

Меѓународното жири на Центарот за размена на музички иновации HEMI, е составено од организатори на фестивали, промотори, менаџери, продуценти и музички новинари, меѓу кои се наоѓаат имиња како Едмонд Ленарт (Edmond Lenarth), букинг агентот на најголемиот фестивал во Романија “ElectricCastle”, Томас Мечаирас (Thomas Machairas), арт директор на “ReleaseAthensFestival, Милан Ракиќ, букинг агент за Explosive Stage на реномираниот “ExitFestival”, Катерина Епстајн од Радио Белград, Драган Амброзиќ, уредник на програмата на Дом омладине во Белград.

Во втората фаза на HMA, 9-те финалисти ќе добијат персонализирани сесии и професионални тренинзи од страна на ментор – експерт во областа на музичката индустрија, кој ќе биде назначен согласно потребите на секој бенд.

Заедно со обуката овозможена од HEMI, 9-те финалисти ќе изработат ексклузивен материјал кој ќе го претстават за време на HMA лајв сесијата, за конечно да стигнеме до последната фаза на наградите во јуни, кога ќе се изберат 3-те добитници на HEMIMusicAwards 2021.

Покрај Фанк шуи, помеѓу 9-те финалисти се наоѓаат и пејачот и баскер “ThomArtway” од Чешка, необичното нордиско електро-поп трио од Естонија “IWear* Experiment”, алт-рокерите од Грција “DeafRadio”, блуз бендот “WoodstockBarbie” од Унгарија, гараж-рок триото и гордите сопственици на еден од најдобрите српски албуми за 2020 година “DogsInKavala”, полскиот квартет “IzzyandtheBlackTrees”, првата Youtube сензација во Романија “Lucia” и словенечките “KoalaVoice” кои одлично ја комбинираат инди музиката со рок и поп звукот од 70-тите.

Преземено од mkd.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris