Фановите на „Сексот и градот“ шокирани од фотографиите од сетот: Шарлот едвај препознатлива по зафатите

1 септември, 2021
pjimage-15

На лицето на Кристин не се гледаат брчки, а обожавателите веруваат дека таа го прекинала природното стареење со голем број естетски процедури, главно со ботокс, поради што денес изгледа премногу затегнато.

Актерката Кристин Дејвис (56), која ќе ја отелотвори вечната романтичарка Шарлот Јорк Голдберг во продолжението на серијата „Сексот и градот“, судејќи според најновите фотографии од сетот, малку претерала со ботоксот.

Фотографијата на која Кристин седи покрај актерката Никол Ари Паркер (50), која дојде како замена за Саманта, откако Ким Катрал (65) одлучи да не учествува во продолжението, ги загрижи фановите на серијата.

24sata

Имено, на лицето на Кристин не се гледаат брчки, а фановите веруваат дека таа подлегнала на бројни естетски процедури.

24sata

Пред да стане позната по улогата во „Сексот и градот“, Кристин помина години обидувајќи се да се вклопи во холивудското општество со пиење премногу алкохол.

Pixsell

– Не сум сигурна зошто почнав да пијам толку многу, можеби затоа што сакав да се вклопам. А алкохолот е како лош љубовник и затоа не би сакала да се вратам кај него – изјави таа во една прилика.