Фановите ова го чекаат со години: Џенифер Анистон конечно откри каков однос има со Бред Пит!

25 јуни, 2021
299977_profimedia0016697607_ff

Откако актерот ја изневери со Анџелина Џоли, Џенифер поднесе барање за развод и никогаш повеќе не го спомна Бред Пит… До вчера!

Актерката Џенифер Анистон секогаш се држеше до својата приватност, па дури и по разводот со Бред Пит, таа не даде коментар за она што се пишуваше во медиумите.

Единствено што изјави е дека „не е кул“ што Џоли даде интервју во кое зборуваше за тоа како Бред и таа се вљубиле и како едвај чека да дојде на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

Како што минуваа годините, медиумите продолжија да се занимаваат со чувствата на Џенифер, а таа мудро молчеше. Сепак, за време на гостувањето во емисијата “The Howard Stern Show,, таа одлучи да одговори на прашањето на водителот дали и било непријатно кога учествувала во виртуелно читање на сценарио за филмот Fast Times at Ridgemont High, во кое имаше многу sвезди – меѓу кои и Бред Пит. Во еден момент, Бред и Џенифер се погледнаа еден со друг, а тој со насмевка рече: „Здраво, Анистон“, што беше вест на денот во светските медиуми.

  • „Не! Беше многу забавно. Знаете, јас и Бред сме пријатели. Ние сме другари, разговараме“ – Џенифер беше отворена. – „Нема непријатности, освен можеби за оние што гледаа и сакаа да има“.

Водителот ја праша актерката дали пронашла љубов.

  • „Не. Досега немаше големи успеси, но јас сум секогаш, се разбира, отворена за тоа“ – искрена е Анистон.