Фестивалот „EXIT“ ќе се одржи ова лето: Еве кој сѐ ќе може да купи билет

20 април, 2021
arena-830x0

Сите детали поврзани со влегувањето на фестивалот ќе бидат објавени на време на официјалната веб-страница на Exit
Откако градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ изјави дека фестивалот EXIT може да се одржи ова лето, веста одекна како сензација во светските музички кругови. Многу странски медиуми ги пренесуваат неговите зборови дека „одржувањето на EXIT ќе биде симбол на победата на Србија над пандемијата“ и дека „EXIT е од големо значење за туризмот и промоцијата на земјата“.
Оваа долго очекувана вест е клучна потврда дека големата прослава на 20-годишнината од фестивалот EXIT ќе се одржи според планот – од 8 до 11 јули на тврдината Петроварадина, со учество на некои од водечките светски sвезди како на пр. David Guetta, DJ Snake, Tyga, Eric Prydz b2b Four Tet, Paul Kalkbrenner, Nina Kraviz, Boris Brejcha, Sheck Wes, Solomun, Paul van Dyk, Sepultura, Metronomy, Honey Dijon и многу други.
Како што објасни градоначалникот Вучевиќ, влезот на фестивалот ќе биде можен за сите што биле вакцинирани и за сите што го прележале корона вирусот. На сите други посетители од земјата и Светот ќе им биде овозможен брз антиген тест по многу поволни цени, во специјално организирана зона во непосредна близина на портите на фестивалот. Сите детали во врска со влегувањето на фестивалот ќе бидат објавени на време на официјалната веб-страница на Егзит во согласност со идните тековни мерки пропишани од Владата на Република Србија.
https://www.youtube.com/watch?v=9unCqkqZr1U