Фирмата на Игор Џамбазов не вратила ниту рата од кредитот од Еуростандард банка

30 март, 2021
игор џамбазов

Фирмата „Брачна игра“ ДООЕЛ, во сопственост и управување на актерот Игор Џамбазов е една од фирмите кои земале ненаплатлив кредит од Еуростандард банка.

Според извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, оваа фирма нема платено ниту една рата 469 дена пред затворањето на банката, односно од 2019 година, тврдат оштетените штедачи на Еуростандард Банка во денешното соопштение.

„Според билансите на фирмата, во годината кога е земен кредитот, оваа фирма немала ни приходи. Основана е во мај 2016 година, без вработени, со седиште во општина Карпош во Скопје и непаричен влог од 5.000 евра. Во изминатите години од нејзиното основање, фирмата плива во долгови, со задолженост од околу 120 отсто. Без приходи, со меница како единствено обезбедување за земениот кредит, оваа фирма е сега кандидат за затворање како деловно неактивна“, се појаснува во соопштението.

Оштетените штедачи се сомневаат дека Џамбазов ја искористил својата фирма за да му биде одобрен ненаплатлив кредит во договор со некој од раководните лица од Еуростандард банка

„Кредитот веројатно е договорен со некој од раководните лица од Еуростандард банка, за да не го врати. Како е можно да фирмата на овој шоумен добие кредит само на основа на обична меница, а да истата биде презадолжена уште кога е основана, а уште повеќе и без приходи во годината кога и е доделен кредитот!? Даден кредит којшто неможе да се наплати од фирмата поради тоа што нема ни од што.Очигледно, нашиот шоумен Игор Џамбазов бил свесен дека земал туѓи пари за да не ги врати. Со тоа, тој ја дели одговорноста и со оние во Еуростандард банка кои му го одобриле кредитот под ненаплатливи услови. Затоа, и овој наш шоумен, како и останатите сопственици на 148 фирми од извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, ќе мора да сносат одговорност за нивното помагање и соучество во овој организиран криминал и висока корупција. Вакви и слични криминални стории за Еуростандард банка има многу. Избрани фирми што земале кредити и не платиле ниту една рата со години“ се додава во соопштението.

Оваа кражба остави преку 3.000 семејства без нивните лични средства во сред пандемија и тешка економска криза, соопштуваат од Оштетени штедачи.

„Сите учесници во овој организиран криминал, меѓу кои е и нашиот шоумен Игор Џамбазов, им нанесоа голема штета на нивните сограѓани и фирми кои ги имаа депонирано личните средства во лиценцирана и контролирана банка или работеле со неа, а кои сега се покрадени од истите тие и парите завршиле во нивните и други џебови“, се додава во соопштението.

Преземено од press24.mk

escort - Korsan taksi