ФОТО Дуа Липа се влечкаше пијана додека нејзиното момче ја држеше

22 јуни, 2021
dua lipa pijana

Дуа Липа беше фотографирана на излегување од роденденската забава на еден пријател во ресторанот The Nice Guy во Западен Холивуд.

Цврсто го држеше своето момче Енвар Хадид за рака додека внимаваше да не падне, а лицето без успех го криеше од папараците. Таа цело време се насмевнуваше и им дофрлаше на насобраните, а Енвар не изгледаше многу среќно во улогата на телохранител бидејќи ја водеше за рака и внимаваше да не падне затоа што нозете ѝ се плеткаа .

Пејачката, која е позната по своите голи изданија, овојпат за среќа беше во топ, широки фармерки и патики, па затоа беше полесно да одржи рамнотежа.

Енвар, брат на светски познатите модели Бела и Џиџи Хадид, беше доста сериозен и не му се допаѓаше кликнувањето на камерата. Кога парот влезе во автомобилот, можеше да се види дека пејачката е расположена.

Дуа и Енвар се во врска последниве две години, а таа на почетокот на ,,локдаунот” минатата година се пофали дека го намалила внесувањето алкохол и цигари за да го „спаси својот глас“. Сепак, очигледно тоа време поминало.

Во последните месеци, Дуа Липа нижеше успеси на професионален план. Во март, таа ја освои Греми наградата 2021 година за најдобар поп-вокален албум „Future Nostalgia“.

Dua Lipa

Иако албумот беше објавен на средина на првата блокада поради пандемија, ризикот се исплати. Според британските медиуми, нејзината компанија ,,Дуа Липа Лимитид”, во последната година го зголемила профитот за неверојатни 8 милиони фунти, со што го зголемила нејзиното богатство на 18,5 милиони, додека ,,Dua Lipa Live LLP” заработи дополнителни 2 милиони.

escort - Korsan taksi