ФОТО | Џамбазов и Илина Арсова се разделени: Игор објави фотографија на која е сам со мачката

18 мај, 2021
igor

Без грижа, омилениот пар на македонската јавност се раздели на краток период. Илина е моментално во Охрид, а Игор нетрпеливо ја чека во Дојран.

Маестралниот Џамбазов покрај тоа што е врвен актер и шоумен, сѐ повеќе станува познат и како голем романтичар.


Тој на својот инстаграм – профил објави фотографија на која е сам и во прегратка ја држи мачката Емилија, а под фотографијата актерот напиша:

„Чекајќи ја Илина… “

Игор Џамбазов и Илина Арсова несомнено се омилениот пар на македонската јавност. И двајцата се активни на социјалните мрежи и умешно знаат да ги радуваат своите обожаватели и пријатели со заедничките фотографии и видеа, взаемната поддршка и позитивната енергија.

Преземено од slobodenpecat.mk