(Фото) На Игор му недостигаат деновите кога беше партизан

2 март, 2021
igor

Познатиот глумец Игор Џамбазов се потсети на деновите кога ја снимаше партизанската серија „Волшебното самарче“ и објави цртана фотографија од себе и својот коњ Дорчо.

„Ми недостигаат партизанските денови“, напиша Игор.

Тој пред 46 години ја снимаше серијата во која глумеше заедно со својот дедо Петре Прличко и мајка си Анче Џамбазова. За потсетување, годинава се сретна и со коњот Дорчо, во чие волшебно самарче се криеја многу тајни. Фотографиите ги објави неговата девојка Илина Арсова.

„По 46 години, повторна средба на Игор и Дорчо. Дорчо денес е сериозен коњ, со сериозна работа. А ние уметниците си остануваме уметници“, пишуваше под неа.

Преземено од info.mk

escort - Korsan taksi