(Фото) Те сакам, супер-жено моја, ѝ рече Игор на Илина која го искачи еден од најтешките врвови во Јужна Америка

15 септември, 2021
igor

Пред неколку часа, Илина се искачи на врвот Ариста Санта Барбара, кој е на  5790 метри. Ова е еден од највисоките и најтешките за освојување во Јужна Америка, а веста ја сподели нејзиниот дечко Игор Џамбазов. „Те сакам, супер-жено моја“- ѝ напиша Игор на Илина.

Алпинистката Илина Арсова деновиве ги минува во Еквадор, каде заедно со експедиција предходно го искачуваше еден од највисоките активни вулкани во светот Котопакси. Вулканот се наоѓа на височина од 5911 метри, а врвот постојано е покриен со мраз.

„Во Македонија можеби сум кралица на планините, но овде во Еквадор уште учам“ – рече Илина и им се заблагодари на луѓето од нејзиниот тим.

Преземено од info.mk

escort - Korsan taksi