Фотографијата на Роналдо и Мбапе по натпреварот стана хит на Интернет

24 јуни, 2021
kri

Франција и Португалија одиграа 2: 2 во последното коло од групната фаза на Европското првенство. На крајот од играта, двете репрезентации имаа причина да бидат задоволни – Французите затоа што го освоија првото место во групата, а Португалците затоа што се пласираа во осминафиналето.

Фотографијата на најголемите sвезди на Португалија и Франција покажува дека имало одлична атмосфера меѓу играчите по натпреварот.

Средбата меѓу Роналдо и Мбапе беше нешто посебно! ? - SuperSport.mk

Фотограф на УЕФА ги фати Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе насмеани на патот кон соблекувалната. Роналдо го гушкаше младиот француски напаѓач од позади, со кого на крајот на натпреварот размени дрес. Фотографијата веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Мбапе, напаѓачот на ПСГ, никогаш не криел дека Роналдо е негов идол, а неговата соба, уште како дете била излепена со постери од Роналдо . Минатата година тој доби можност да игра против Роналдо, а потоа објави слика на двајцата со порака „Идол“.

Со славниот Португалецтој се сликал како 14-годишник кога бил во таборот на Реал.