Франко постигнал спогодба на суд: Актерките го тужеле за сексуално искористување во училиштето

22 февруари, 2021
pxl-pa-070118-19209028_MRnqZpV

Двете страни поднесоа заеднички извештај до повисокиот суд во Лос Анџелес, велејќи му на судијата дека е постигната спогодба во колективната тужба која ја поднесоа поранешни ученици од сега затвореното училиште.

Актерот Џејмс Франко (41) беше обвинет од колегите Сара Титер-Каплан и Тони Гал дека сексуално ги злоупотребил во неговото училиште за глума „Playhouse West Studio 4“, но по обвинувањата тој поднесе писмена жалба. На суд се тврдеше дека Џејмс ги заплашувал студентите на школата за глума и филм. Во тужбата сега е постигнато привремено решение.

Двете страни поднесоа заеднички извештај до повисокиот суд во Лос Анџелес, велејќи му на судијата дека е постигната спогодба во парницата која ја покренале поранешни ученици од сега затвореното училиште „Playhouse West Studio 4“.

Актерките и поранешни студенти Сара Титер-Каплан и Тони Гал поднесоа тужба во 2019 година и сега се согласија да ги отфрлат своите индивидуални побарувања.

Нивната тужба тврди дека Франко ги принудувал студентите да изведуваат се повеќе експлицитни сексуални сцени пред камерите во, како што ја нарекоа, „оргиската средина“, што е далеку над она што беше прифатливо за холивудските филмски сетови.

По обвинувањата на актерката, Франко веднаш ги негираше сите обвинувања.

– Злонамерните обвинувања што ги направија станаа храна за таблоидите, но исто така се лажни и немаат правна основа. Тие беа доставени да им донесат што поголем публицитет. Оваа судска постапка е травестија и кулминација на кампањата што го уништи тешко заработениот и изграден углед на чесен човек – рече Франко, меѓу другото. Актерот го отвори училиштето во 2014 година и го затвори три години подоцна.

escort - Korsan taksi