Френк Синатра цврсто верувал дека Кенедиеви ја убиле Мерилин Монро

7 јуни, 2021
49927974860bc6b2592062678903346_v4_big

Френк Синатра веруваше дека Мерилин Монро е убиена, пишува во новата книга за неговиот живот „Sinatra And Me: In The Wee Small Hours“, напишана од неговиот менаџер Тони Опедисано, а објавена во списанието „People“.

Во оваа книга, поранешниот менаџер и близок пријател на Синатра, Тони Опедисано, тврди:

„Френк веруваше дека таа е убиена и тој никогаш не ја преболе“.

Мерилин Монро беше пронајдена мртва во август 1962 година, а причината за смртта е наводно случајно предозирање. Сепак, новата книга вели дека Синатра верувала дека нејзината смрт е поврзана со нејзината врска со претседателот Џон Кенеди и неговиот брат Боби.

Непосредно пред нејзината смрт, Мерилин Монро престојуваше во ложата „Cal Neva“, која е во сопственост на Френк Синатра, а во книгата, меѓу другото, се вели дека таа била во ложата заедно со нејзиниот поранешен сопруг, бејзбол ѕвездата Џо Димаџио. Според „The Independent“, Мерилин Монро требало да биде домаќин на прес-конференција во хотелот каде требаше да го објави своето помирување со Димаџио. Но, Мерилин Монро почина пред закажаната прес-конференција, по што Синатра заклучи дека сигурно била убиена од страв да не ги открие своите врски со браќата Кенеди на таа конференција, според „Headliner“.

„Френк веруваше дека Мерилин ќе живееше долго ако не беше објавена прес-конференцијата“, рече неговиот менаџер Тони Опедисано. Во книгата се наведува и дека непознат извор му рекол на Синатра дека во нејзината смрт учествувале или мафијата или браќата Кенеди.

Мерилин Монро го загуби животот на 36 години.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi