(ГАЛЕРИЈА) ДУНАВКА МЕ СПАСИ ОД БИВШАТА КОЈА СÈ УШТЕ МЕ ПРОГОНУВА, ВАНЕ ЦВЕТАНОВ ПРВПАТ ПРОЗБОРЕ ЗА ЉУБОВТА СО МАНЕКЕНКАТА

5 април, 2021
ване и дунавка

Поранешниот директор на финансова полиција Ване Цветанов пред Прочка се ожени со поранешната менекенка Дунавка Трифуновска.

По прстенувањето, тие заминаа во еден скопски ресторан каде што правеа свадба. Ване за „Репортер“ ни откри дека сè поминало убаво, но поради пандемијата на свадбата имало само десет луѓе. Среќен што е со Дунавка, тој за „Репортер“ првпат ја подели нивната љубовна приказна.

Не е е тајна дека на романтичен начин ја побара за жена, во авион, а по две одложувања на прстенување во манастирот „Свети Јован Бигорски“, на крај сепак тоа случи во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје.

На прашањето како се запознаа со Дунавка и како започна нивната љубовна приказна, Ване ни откри: „Постои нешто што се вика Божја волја, за нас коишто сме верници.

Минатата зима Дунавка ми се јави да ме консултира за една професионална тема. Бев позитивно изненаден од нејзиниот професионализам и културен пристап. Почувствував висок степен на интегритет од една страна, а од друга страна огромна човечност којашто ме фасцинираше. Во тој период бев во страшна емоционална криза бидејќи бев киднапиран од личноста со кој што бев пред Дунавка. Од две години врска, последната година буквално ја молев на колена да ја прекинеме врската на културен начин, но, таа ги искористи сите валкани методи за да ужива во моите привилегии“, раскажува Цветанов.

Тој ни се пожали дека бил комплетно несреќен и скршен. Барал начин како да се избори за сопствената слобода. „Не сакав да повредам никого, сè уште не бев ни свесен со какво зло си имам работа. Па така, телефонскиот разговор со Дунавка од предвидените пет минути за професионална комуникација се претвори во пријателски разговор од два часа бидејќи беше викенд. Дунавка ја знаеше комплетно тежината и комплицираноста на ситуација и таа од почеток ме прифати како човек и во период од неколку месеци ми даваше човечка поддршка.

Но, првиот состанок се случи дури летото, откако расчистив со поранешната. Но, мене веќе ме освои Дунавка, со сета нејзина човечност, култура и нејзиниот пристапот кон моралните вредности“, ни открива Цветанов. Тој е искрен па ни раскажа и како се чуствувал на првата средба. „Кафе, дружба, кога ѝ го видов сјајот во очите, ме пресече стомакот, ми заиграа пеперутки, но сè уште немав храброст. Потоа интензивно се дружевме, пешачевме, долги разговори, сè додека не се случи првиот бакнеж. И пламна огнот што сè уште трае“, искрен е сопругот на Дунавка.

Едно време Дунавка ја брануваше јавноста по настапот на Изборот за Мис, потоа и наводната љубов со Владо Јаневски, па го прашавме Ване дали го погодиле муабетите за неа. „Таа во оваа врска влезе чиста како кристал. До денес не се јавил никој со некаква тема или проблем од нејзиниот живот кој би предизвикал некаква нервоза или проблем во нашата врска. Од друга страна, моето минато е проблематично. Секој ден голем дел од времето го трошиме да расчистуваме проблеми кои сè уште ги прави мојата поранешна девојка.

Не верувам дека во Струмица последните 100 години сè има родено таква патолошка лажга која нема шанси да помине ни лекарско тестирање или преглед за патолошко лажење. Секој ден таа личност шири лаги против мене, па трошиме по половина час забавувајќи се со исправање лаги и смеејќи се на приредените циркуси. Во останатиот дел од времето предвидено за нас сме свои, автентични, вљубени и уживаме во љубовта за којашто и двајцата се согласуваме дека е дар од Бога“, поранешниот директор раскажува низ емоции за проблемите и за она што го прави среќен.

Преземено од reporter.mk

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi